Местото на испорака на нарачаниот производ мора да се наоѓа на територијата на Република Северна Македонија.
Испораката на производите нарачани преку веб-страницата www.modanova.mk ја врши курирската служба Еко Логистик Сервис, на територијата на Република Северна Македонија, во работните денови од 09:00 до 17:00 часот и во сабота од 09:00 до 15:00 часот, на адресата на примачот наведена при креирањето на нарачката.
По обработката на нарачката, купувачот ќе добие известување за статусот на нарачката на е-поштата наведена при нејзиното креирање.
Повеќе пратки и достапност на производите
Во случај нарачката да содржи повеќе производи, можно е сите производи да не бидат достапни на една локација. Поради тоа, нарачката може да биде испорачана во повеќе од една пратка.
И покрај редовното ажурирање на залихите на веб-страницата, поради системска грешка, доцнење во синхронизацијата на залихите или друга техничка причина, може да се случи одреден производ да биде прикажан како достапен, а во моментот на обработка на нарачката истиот да не биде физички достапен на залиха.
Во таков случај, купувачот ќе биде навремено известен за недостапноста на производот. А&M Цлотхес Ретаил Доо Скопје не сноси одговорност за привремени несовпаѓања помеѓу информациите за достапност прикажани на веб-страницата и фактичката состојба на залихите, освен во случаи кога поинаку е предвидено со важечките законски прописи.
Доколку е извршено плаќање за производ кој во моментот на обработка на нарачката не е достапен на залиха, купувачот ќе биде известен, а уплатениот износ за недостапниот производ ќе биде вратен согласно применливите услови и начинот на плаќање.
Време на испорака
Времето за испорака е до 7 работни дена.
Периодот на испорака може да биде подолг од наведениот во вонредни околности, како што се зголемен обем на нарачки и пратки, непроодност на патиштата поради временски услови, вонредни состојби и други околности кои можат да влијаат врз редовното одвивање на доставата.
Курирската служба е должна да ја изврши доставата што е можно поефикасно, во согласност со своите можности и деловни капацитети.
Преземање на нарачката од страна на купувачот
Курирската служба Еко Логистик Сервис испорачува пратки од 09:00 до 17:00 часот. Во периодот предвиден за достава, потребно е да бидете достапни на телефонскиот број наведен при креирањето на нарачката, а на адресата за испорака треба да има лице кое може да ја преземе пратката.
Курирот ќе се обиде да ја достави секоја нарачка два пати. Доколку купувачот не е достапен на адресата при првиот обид за испорака, курирот ќе го контактира за да се договори нов термин за испорака.
Доколку пратката не може да биде доставена ниту при вториот обид, истата ќе биде вратена до испраќачот.
При преземањето на нарачката, купувачот треба визуелно да ја провери состојбата на пакетот. Доколку забележи дека пакувањето е значително оштетено и постои сомневање дека е оштетен и производот, купувачот треба да одбие да ја прими пратката и веднаш да нè извести преку е-пошта на web@modanova.mk или на телефонскиот број 076 243 853.
Цена за испорака
За сите нарачки чија вредност е 2.999 денари или повеќе, доставата е бесплатна.
За нарачки чија вредност е под 2.999 денари, цената за испорака изнесува 200 денари.